недела, 21 јули 2024

Скопјаните што борчат за собирање отпад ќе можат да го платат долгот без камата

Граѓаните кои имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад кон Комунална хигиена-Скопје од денеска до 31 јули годинава ќе можат да го платат без пресметана камата за заостанато плаќање, информираа денеска од Јавното претпријатие.

Објавено на

часот

Сподели

„Комунална хигиена-Скопје ги известува своите корисници- физички лица од домаќинствата (тужени и редовни) коишто имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад преку заедничката сметка со Водовод и канализација-Скопје, дека од денеска – 19 јуни 2024 година, заклучно со 31 јули 2024 година, имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање. Наплатата на овие заостанати долгови ќе се одвива преку наплатните пунктови на Водовод и канализација-Скопје, освен тужбата којашто датира од 2007 година“, се вели во денешното соопштение од Комунална хигиена-Скопје.

Од ова јавно претпријатие појаснуваат дека можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата во наведениот период се однесува и на корисниците-физички лица од домаќинствата, тужени и редовни, кај кои услугата за собирање и транспортирање комунален отпад се наплатува само преку сметката на ЈП Комунална хигиена-Скопје (рурални средини и корисници од општина Шуто Оризари). Наплатата на овие заостанати долгови ќе се одвива во наплатниот пункт на претпријатието, на улицата Боро Тодоровиќ бр.2. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ