Често има критики дека распоредот е густ, и тоа придонесува за се поголем број на повреди кај фудбалерите.
Барселона минатата недела „плачеше“ откако Гави заработи сериозна повреда на коленото во дресот на Шпанија и за него сезоната е завршена.
Но клубот од Камп Ноу го прави истото она што го прават УЕФА и ФИФА, за да ја наполни касата, дополнително ги оптоварува фудбалерите и закажа ревијален натпревар против мексиканскиот Клуб Америка.
„Каталонците“ на 20. декември играат против Ла Лига, и веќе следниот ден, на 21. декември во САД треба да ги одмерат силите против Клуб Америка.
Барселона од овој ревиален натпревар ќе инкасира околу 4 милиони евра, па затоа и го закажа и покрај тоа што нема никакав логика да се играат два меча во рок од 25 часа.
Спорт вели дека фудбалерите на Барселона го кренале гласот и порачале дека не сакаат да патуваат во Далас.
Жоан Лапорта и неговите соработници се обидуваат да го смират незадоволството и ги подмитуваат фудбалерите со по 100.000 евра бонус по човек за натпреварот да се одигра.