Многу земји во замена за милионски суми ги организираат завршниците од Суперкупот во Саудиска Арабија, на ваков потег се реши и Турција, но денеска се случи голем скандал.
Наместо љубителите да уживаат во спектакл помеѓу Галатасарај и Фенербахче, топката ќе мирува откако домаќините им забранија на фудбалерите да носат маички со ликот на Кемал Ататурк.
На луѓето од обезбедувањето исто така им било наредено да ги отстранат сите транспранети со ликот на Кемал Ататурк и да им забранат влез на стадионот на навивачите кои носат облека со ликот на основачот на Турската Република.
По ваквиот развој на настаните, фудбалерите на Галатасарај и Фенербахче одбија да играат.