„Граѓаните“ имаа очајна сезона, далеку се од битката за титулата во Премиерлигата, а синоќа беа елиминирани и во Лигата на шампионите.
Многу работи не „штимаат“, па се шпекулира дека Пеп Гвардиола летоска ќе прави голема чистка и ќе си заминат осум фудбалери кои беа дел од шампионскиот тим.
На продажба одат Џек Грилиш, Кевин де Брајне, Бернардо Силва, Џон Стоунс, Матео Ковачиќ, Илкај Гундоган и Едерсон.
Се очекува и Кајл Вокер да направи перманентен трансфер откако ќе му заврши позајмицата во Милан.