Во соопштението што пред новинарите во Рака го прочита курдскиот функционер Хусеин Отман, тој повика на „престанок на воените операции низ сириската територија заради национален дијалог“.
Коалицијата предводена од радикалната исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам ја презеде власта во Дамаск на 8 декември, по офанзивата покрената од северна Сирија.
Во исто време, протурските вооружени групи покренаа офанзива против курдските сили во североисточниот дел на земјата.
Сириските Курди ја нагласуваат потребата од „зачувување на единството и суверенитетот на сириските територии“ и „заштита од нападите на Турција и нејзините платеници“.