петок, 17 јануари 2025
Во 2018 и 2019

ФТ: Асад со авиони префрлил два тони кеш во Русија

Фајненшл тајмс откри записи што покажуваат дека режимот на Асад, иако очајнички му недостигаа девизи, меѓу 2018 и 2019 година пренел банкноти тешки речиси два тони во банкноти од 100 долари и 500 евра до московскиот аеродром Внуково, за да бидат депонирани во санкционираните руски банки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неодамна соборениот сириски диктатор Башар ал Асад во 2018 и 2019 година со авиони пренел 250 милиони долари во готовина во Москва.

Цитирајќи ги финансиските податоци што ги видел, ФТ објави дека сириската централна банка испратила речиси два тони банкноти од 100 и 500 евра во Русија, кои потоа биле депонирани во санкционирани банки.

Медиумите објавија дека трансферите се случиле во време кога режимот на Асад во голема мера зависел од руската воена поддршка, а во исто време роднините на Асад купувале имот во Русија, вклучително и луксузни станови.

Москва ги распореди своите сили во Сирија во 2015 година, поддржувајќи го режимот на Асад против бунтовничките сили. Сириските бунтовници на 8 декември објавија дека успешно го собориле Асад по молскавична офанзива низ целата земја, која кулминираше со заземањето на главниот град Дамаск.

Москва го убедила Асад да побегне во Русија со своето семејство откако сфатил дека неговиот режим ќе падне поради брзиот напредок на бунтовниците, објави Блумберг на 11 декември, повикувајќи се на извори блиски до Кремљ.

Еден експерт изјави за ФТ дека трансферите на готовина од Дамаск во Москва се доказ за „комбинација на обезбедување на нивните незаконски стекнати добивки и сириски државни средства во странство“.

„Режимот морал да ги префрли парите во странство, на безбедно, за да може да ги искористи за да обезбеди удобен живот за Асад и неговиот најблизок круг“, рече Дејвид Шенкер, помошник-државен секретар на САД за блискоисточни прашања од 2019 до 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ