среда, 15 јануари 2025

Фудбалер на Рапид брутално претепан во Виена, има фрактура на черепот

35-годишниот напаѓач на Рапид Виена и австриски репрезентативец, Гвидо Бругсталер минатиот викенд бил физички нападнат во центарот на Виена, потврдија од клубот.

Објавено на

часот

Сподели

Физичкиот напад се случил од страна на непознат маж пред бројни сведоци, фудбалерот се здобил со сериозни повреди на главата, има и фрактура на черепот.

Бургсталер веднаш бил префрлен во болница. Од клубот соопштија дека тој нема да игра во наредните месеци.

Засега не е позната причината поради која тој бил нападнат.

Бургсталер покрај за Рапид Виена играше и за Карнтен, Кардиф, Нирнберг, Шалке и Сент Паули. Има 26 настапи за австриската репрезентација.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ