Како што наведуваат, главните аеродроми во главниот град Дамаск и северниот град Алепо биле цел на израелскиот напад.
Локалниот медиумски канал Шам ФМ објави дека сириската противвоздушна одбрана била активирана како одговор на нападот.
Аеродромите во Дамаск и Алепо се надвор од функција по израелските напади, објавија сириските државни медиуми.
Според нив, пистите се оштетени, а сѐ уште не се знае дали има жртви.
Според сѐ уште непотврдени информации, нападот се случил непосредно пред иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан да слета во Дамаск, па неговиот авион се свртел и се вратил во Техеран.
Сирија и Израел се гранатираа меѓусебно во вторникот, откако израелската влада соопшти дека неколку минофрлачки ракети биле истрелани врз северен Израел од Сирија.
Минофрлачките напади од Сирија се претежно симболични и ретко предизвикуваат штета на Израел.
Двете земји се во судир повеќе од половина век – откако Израел беше основан во 1948 година.