вторник, 22 октомври 2024

Сиљановска и Мицкоски главна тема на разговорите меѓу Мицотакис и Радев

Во Атина во тек се средбата меѓу премиерот на Грција Киријакос Мицотакис и претседателот на Бугарија Румен Радев. Грчките медиуми јавуваат дека „провокативниот став и на претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска и на премиерот Христијан Мицкоски се очекува да бидат главна тема на средбата“.

Објавено на

часот

Сподели

Прекршување на Договорот од Преспа од страна на новото раководство на Македонија го испровоцира грчкиот премиер да изјави дека ако Скопје остане на таа позиција, тоа ќе значи откажување од европскиот курс, пишуваат грчките медиуми.

„Затоа ги информирав моите колеги во Европскиот совет за овој непријатен развој и исто така јасно ставив до знаење дека доколку Скопје опстојува на оваа линија, тие во суштина ќе го отежнат – ако не и ефикасно да го поништат – секој процес на непосредна конвергенција со европското семејството, така што мислам дека секој треба да ги разбере последиците од своите постапки и да знае дека почитувањето на европското законодавство оди, очигледно, преку верното почитување на меѓународните договори што во овој случај се потпишани од двете страни“, рече премиерот Мицотакис.

Од своја страна, Софија го обвинува Скопје за кршење на правата на бугарското малцинство.

Бугарското Министерство за надворешни работи во средата силно ја критикуваше новата влада на Македонија, нарекувајќи ги нејзините намери „неприфатливи“ поради одбивањето да ги почитува меѓународните обврски и договори. Острата реакција следува по изјавите на Мицкоски, што укажува на желба за повторно преговарање за преговарачката рамка со Бугарија, коментираат бугарските медиуми.

Бугарскиот претседател Румен Радев ја осуди македонската влада, обвинувајќи ја за неподготвеност да го признае постоењето на бугарски идентитет и јазик во Македонија, пренесуваат грчките медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ