недела, 6 октомври 2024

Си набавила фалсификувана возачка дозвола

Рано утрово на автопатот Тетово-Гостивар, кај наплатната станица Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, при сообраќајна контрола, ја лишиле од слобода А.М.(21) од тетовско Желино, која управувала моторно возило.

Објавено на

часот

Сподели

При преглед на возачките документи, таа доставила возачка дозвола за која постои основано сомневање дека е фалсификувана. А.М. е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ