понеделник, 21 октомври 2024

Шверцувале украдени автомобили од Македонија и ги продавале за делови во Албанија

Објавено на

часот

Сподели

Уапсени се македонскиот државјанин А.А.(44) жител на Струга и албанските државјани А.Р.(21) жител на село Рајца, Либражд, Л.Д.(19) и М.Х.(23) и двајцата од село Радокал, Поградец.

„Четворицата во соработка шверцувале моторни возила од Северна Македонија, ги дислоцирале на подрачјето на Струга, а потоа преку зелената граница, во атарот на селата Рајца-Шутај, кај Струга, ги пренесувале на албанска територија и ги демонтирале во градовите Елбасан или Тирана, за да ги продадат како резервни делови“, стои во полициското соопштение.

Се додава дека 22-ри овој месец, А.Р. илегално влегол од македонска на албанска територија со украден автомобил мерцедес кој штом забележал дека го гонат полициските сили, го напуштил и го оставил возилото кај селото Радокал, Поградец.

Продолжува истрагата за комплетирање на документацијата за криминалното дејствие на овие државјани во Северна Македонија и Албанија, како и за идентификување и изведување пред лицето на правдата на другите лица вмешани во истата. Предметот е под надлежност на судот во Корча.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ