вторник, 22 октомври 2024

Швајцарија ја надигра и ја победи Унгарија (ВИДЕО)

Швајцарија со 3-1 ја доби пресметката против Унгарија и направи крупен чекор кон осминафиналето на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Швајцарците беа доминантни во текот на првото полувреме, во кое Унгарија изгледаше исклучително лошо.

Резултатот беше отворен во 12. минута кога по асистенција од Ебишер, Дуа даде гол за водство од 1-0.

Во финишот од првиот дел, самиот Ебишер постигна прекрасен гол од далечина за предност на Швајцарија од 2-0.

Унгарија во вториот дел покажа дел од своето лице, почна да игра поофанзивно и да создава шанси. Таквата игра вроди со плод во 66. минута кога Варга реализираше со глава за намалување на 2-1.

Унгарците бркаа израмнување, но Швајцарците беа поопасни од контра напади. При еден таков во судиското продолжение Емболи даде гол за конечна победа од 3-1.

Со оглед на тоа дека во осминафинале одат и најдобрите четири третопласирани селекции, ова е крупен чекор за Швајцарија кон обезбедување на место во нокаут фазата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ