Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев на денешната прес-конференција рече дека станува збор за набавка на 140 душеци за болничките кревети.
„Тоа е јавна набавка, којашто ја спроведовме во изминатите месец и половина и денеска дојде до реализација. Станува збор за набавка на 140 душеци. Тоа е работа што Клиничка болница-Штип ја реализираше од свои сопствени средства. Вредноста на овие душеци и некаде околу 1,5 милиони денари“, рече Ѓеорѓијев.
Тој посочи дека болничките душеци ќе бидат веднаш распоредени на сите одделенија, со што пациентите кои се хоспитализирани ќе имаат подобри услови за престој и грижа.