понеделник, 21 октомври 2024

Штип одбележа 79-години од ослободувањето од фашистичкиот бугарски окупатор

Светлана Кордумова-Трајанова, д-р Дарко Лазаров, д-р Андон Мајхошев, Тоше Митров, примариус д-р Ванчо Органџиски, Далибор Николовски – Дачо, Бобан Данов, Здружение на акцијаши-волонтери „Пат на младоста“ – Штип, Центар за балетска уметност „Арабеска“ и Јога друштво Штип – Центар за јога обука, се добитниците на Осмоноемвриското признание на Општина Штип, по побод 79 години од ослободувањето на градот од бугарскиот фашистички окупатор. Претседателката на Советот на Општина Штип, Весна Кожинкова-Карагунова, на Свечената седница на Советот во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет им ги додели признанијата на десетте добитници.

Објавено на

часот

Сподели

По повод 8 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Штип, свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој истакна дека на 8 Ноември, Штип се ослободува од последниот окупатор кој вршел терор на оваа територија.

„Тоа значи дека веќе 79 години живееме слободен живот, можеби со предизвици, меѓутоа секој од нас има загарантирана слобода, право на образование и доедукација, право на работа и заработка, право на културен, социјален, здравствен и спортски ангажман. Ние денес сме граѓани кои самостојно одлучуваат за својата иднина со личните постапки“, вели Јорданов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ