среда, 23 октомври 2024

Шпанската влада ја потврдува својата поддршка на мароканскиот план за Сахара

Во одговорот на прашање поставено од шпански пратеник, шпанската влада предводена од Педро Санчез, ја потврди својата поддршка на суверенитетот на Мароко над мароканската Сахара нагласувајќи дека позицијата на Мадрид е целосно конзистентна со меѓународното право.

Објавено на

часот

Сподели

„Позицијата на Шпанија во врска со Сахара е целосно во согласност со меѓународното право“, соопшти шпанската влада. Во писмениот одговор исто така се става акцент на заедничката декларација усвоена на 7 април 2022 година, по повод средбата меѓу кралот на Мароко, Мохамед VI и Педро Санчез, како и на декларацијата од 2 февруари 2023 година, кога во Рабат се одржа 12от состанок на високо ниво меѓу Шпанија и Мароко.

На средбата официјално беше инаугурирана нова фаза во билатералните односи меѓу двете кралства, заснована на меѓусебно почитување и дијалог. Воедно беа потпишани и бројни договори во различни области како што се економијата, трговијата, културата и образованието.

Во својот одговор, шпанската влада исто така изјави дека земјата се залага за взаемно прифатливо политичко решение во рамките на Повелбата на Обединетите нации и резолуциите на Советот за безбедност.

„Шпанија ги поддржува напорите на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Шфафан де Мистура. Неговата работа е фундаментална и ја има целосната поддршка од шпанската влада“, се додава во соопштението.

Воедно шпанската влада потенцираше дека ќе продолжи да го поддржува Сахрави населението во камповите. „Традиционално Шпанија претставува водечки билатерален донатор во Европа и е еден од донаторите со најголемо присуство и капацитет за дијалог со властите на Сахрави населението кои се одговорни за соработка со агенциите на ОН и невладините организации, на тој начин одржувајќи го статусот на главен меѓународен донатор на хуманитарна помош во оваа сфера“, се заклучува во соопштението.

Овој одговор беше упатен до Јон Ињариту Гарсија, заменик претседател на политичката партија ЕХ-Билду, кој на Конгресот на пратениците постави прашање до шпанската влада во врска со ставот на Мадрид за мароканска Сахара.

Во историскиот пресврт, во март 2022 година Педро Санчез го увери кралот Мохамед VI дека предлогот на Рабат за автономија на мароканска Сахара за Шпанија претставува најсериозна, најверодостојна и најреална основа за решавање на овој спор.

Ова признание значително ги зајакна врските меѓу Шпанија и Мароко во повеќе области.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ