Таа потоа објави видео во кое сугерира „четири работи што европските земји би можеле да ги направат денес за да го запрат геноцидот во Палестина“.
„Денес дознавме дека Нетанјаху ги прогласи Обединетите нации за непожелни во Израел. Тоа значи дека персоналот на ОН нема да има визи за патување во таа област“, рече таа.
„Ова е резултат на фактот дека ниту Нетанјаху, ниту државата Израел не одговараа за нивната илегална окупација на палестинска територија во последниве децении. Постојат четири работи што европските држави можат веднаш да ги направат. Прво, да ги прекинат дипломатските односи со државата Израел. Второ, да се спроведат силни економски санкции како што беше направено со Путин“, продолжи таа.
„Трето, воведете ембарго на оружје. Четврто, како што беше направено и во случајот со војната во Украина, изведете го Нетанјаху и сите политички лидери одговорни за бомбардирањето на цивилното население пред Меѓународниот кривичен суд. Ајде да преземеме нешто, сè уште е можно е да се запре геноцидот“, заклучи таа.
4 things that European states could do today to stop the genocide in Palestine. Let’s act. pic.twitter.com/OucPuYHbZR
— Ione Belarra (@ionebelarra) October 25, 2023