понеделник, 21 октомври 2024

Шпанија ја погоди топлински бран: летни температури среде зима

Во Шпанија, која ја погоди топлотен бран среде јануари, вчера биле забележани температури од околу 30 Целзиусови степени, соопшти тамошната метеоролошка служба.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во Валенсија вчера било 29,5 степени, а кај Малага било 27,8 степени, наведе службата и додаде дека во околу 400 метеоролошки станици била забележана температура над 20 степени.

Таквата температура е специфична за средината или крајот на јуни, односно во текот на летото, кажа портпаролот на метеоролошката служба.

Според Давид Корел, истражувач на Универзитетот во Валенсија, жештината среде зима, која го зафаќа и југоистокот на Франција, е предизвикана од присуство на силен антициклон над Средоземно Море.

Шпанија се соочува со сè побројни и позачестени топлотни бранови, понекогаш надвор од летните месеци, што ги загрижува научниците.

Земјата веќе забележа невообичаено висока температура во декември, со максимум од 29,9 степени во Малага, што е национален рекорд за декември.

Тие топлотни бранови се јавуваат во контекст на тешка суша, особено во Андалузија и Каталонија на истокот, каде властите воведоа рестриктивни мерки за потрошувачката на вода, по три години помало количество врнежи.

Во Каталонија кон средината на јануари нивото на резервоарите во кои се складира дождовницата за употреба за време на сушните месеци паднало на 17 отсто од капацитетите. Ако падне под 16 отсто, што се чини неизбежно, властите нема да имаат избор освен да прогласат вонредна состојба, со дополнителни ограничувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ