„Земјата на Газаните е Газа и Газа мора да биде дел од идната палестинска држава“, рече Албареш во интервју за шпанската радио станица РНЕ.
Кац денеска ѝ нареди на армијата да подготви план што ќе овозможи „доброволно заминување“ на жителите од Појасот Газа, пренесоа израелските медиуми.
Упатството следеше по шокантната објава на американскиот претседател Доналд Трамп дека Соединетите Држави (САД) планираат да ја заземат Газа, да ги преселат Палестинците што живеат таму и да ја претворат територијата во „блискоисточна ривиера“.
Кац додаде дека Шпанија, Ирска и Норвешка, кои минатата година ја признаа палестинската држава, се „законски обврзани да му дозволат на секој Газан да влезе на нивна територија“.