петок, 18 октомври 2024

Шолц: Не постои врска меѓу кандидатурата на Турција за ЕУ ​​и членството на Шведска во НАТО

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа не треба да се гледа како поврзана тема“, рече германскиот канцелар на прес-конференција во Берлин, коментирајќи го веднаш неочекуваниот услов што го постави турскиот претседател во изјавата за новинарите претходно.

Шолц оцени дека „ништо не стои на патот на Шведска да влезе во НАТО“, што турскиот претседател го кочи со месеци.

„Прво отворете го патот за Турција да влезе во Европската унија, а потоа ние ќе го отвориме патот за Шведска, како што го направивме тоа за Финска“, изјави Ердоган пред новинарите воочи отворањето на годишниот самит на НАТО во Вилнус.

Олаф Шолц рече дека гледа „позитивна порака“ во изјавите на турскиот претседател, имено дека зеленото светло за членството на Шведска е „замисливо во блиска иднина“.

Преговорите меѓу Турција и ЕУ се во застој веќе неколку години.

Турција е последната земја од НАТО, заедно со Унгарија, која се спротивставува на влезот на Шведска, и покрај мерките што ги презеде скандинавската земја, вклучително и реформа на уставот и усвојување на нов антитерористички закон. Ердоган ја критикува Шведска за нејзината наводна попустливост кон курдските милитанти кои се засолниле на нејзина територија.

Пристапните преговори на Турција започнаа во 2005 година, кога Ердоган беше прв пат премиер.

Односите меѓу Анкара и земјите-членки на ЕУ се влошија пред неколку години, особено по неуспешниот обид за државен удар во Турција во 2016 година, но оттогаш значително се подобрија. ЕУ зависи од помошта на Анкара првенствено во однос на миграцијата.

Во неочекувана промена на пристапот, Ердоган во понеделникот ја поврза согласноста на Турција за прием на Шведска во НАТО со влезот на Турција во ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ