„Изрично ги предупредувам Хезболах и Иран да не се мешаат во конфликтот“, рече Шолц на прес-конференција по средбата со јорданскиот крал Абдула во Берлин, пренесе Ројтерс.
Кралот Абдула посочи дека палестинските бегалци не треба да се принудуваат во Египет или Јордан, додавајќи дека хуманитарната ситуација мора да се реши во Појасот Газа и Западниот Брег.
„Тоа е црвена линија бидејќи мислам дека тоа е план на некои од дежурните виновници да се обидат и да создадат де факто работи на теренот. Нема бегалци во Јордан и Египет“, рече Абдула на прес-конференцијата.