сабота, 30 ноември 2024
Светска премиера

Шкода се пофали со новата генерација на својот суперб (ФОТО+ВИДЕО)

Супербот се враќа, гордо носејќи ја титулата врвен модел на шкода погонуван од мотор со внатрешно согорување. Во својата четврта итерација, чешката лаѓа доживува еволуциски редизајн, со кревање на стилот, технологијата, ефикасноста, комфорот и корисноста на повисоко ниво. Кога ќе пристигне во салоните следната година, ќе нуди голем избор на мотори, вклучувајќи бензински, дизел, благо хибридни, и плагин хибридни опции.

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од сестринскиот фолксваген пасат, кој во оваа генерација ќе се нуди исклучиво како карван, новиот суперб продолжува да го нуди седанот заедно со карван верзијата.

Надворешноста на новиот суперб изгледа прилично познато, сиот метал на надворешноста е редизајниран со поостри линии. Предните светла се ЛЕД матрикс со модерни ЛЕД задни светла со „кристални“ елементи за попремиум изглед. Решетката е поширока од претходно, а отворот за воздух на предниот браник има хромирана рамка.

Новата генерација на супербот е 43 милиметри подолга, 12 милиметри повисока и поаеродинамична од претходникот. Интересно е што седан верзијата е 10 милиметри подолга од карванот. Двете верзии имаат меѓуоскино растојание од 2.841 милиметар, исто како кај претходната генерација.

Во внатрешноста, дизајнерите на Шкода ги подобриле технологијата и квалитетот на врвниот модел. На инструмент таблата има 13-инчен таблет со 10-инчен виртуелен кокпит. Новитет се ротирачките копчиња кои имаат и функција со притискање, на кои има 1,25-инчни дисплеи. Со ротирање се контролираат температурата и греењето на седиштата, додека со притискање може да се контролираат јачината на звукот, на вентилацијата, насоката на воздухот, климатизацијата, режимите на возење, по избор на корисникот.

Новата генерација има и повеќе простор од претходната. Багажникот има 645 литри во седан и 690 литри во карван веризјата.

Новиот суперб ја дели истата еволуирана верзија на ем-кју-би платформата со новиот пасат. Понудата на мотори е слична на таа на кросоверот кодијак и вклучува бензински, дизел, благо хибридни и плагин хибридни мотори. Сите мотори се во комбинација исклучиво со ДСГ автоматски менувач кој силата ја пренесува на предните или на сите четири тркала.

Продажбата на новиот суперб во Европа се очекува да почне во првите три месеци од 2024, кога ќе се дознаат и цените. Ќе се произведува во Братислава заедно со новиот пасат.

суперб

суперб

суперб

суперб

суперб

суперб

суперб

суперб

суперб

суперб

суперб

суперб

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ