петок, 18 октомври 2024

Шкода објави скици од новиот суперб (ФОТО)

Нешто повеќе од една недела до премиерата на четвртата генерација на моделот суперб, Шкода објави скици од надворешноста на својот нов врв на понудата.

Објавено на

часот

Сподели

Дизајнот вклучува елементи од новиот дизајнерски јазик „модерн солид“, а клучните карактеристики вклучуваат унапредени ЛЕД матрикс предни светла и ЛЕД задни светла со кристални елементи, се наведува во соопштението на чешката марка.

„Суперб традиционално го обликува дизајнерскиот јазик на Шкода и четвртата генерација на моделот ќе продолжи да го прави тоа: неговиот изгледа го карактеризираат остро исцртани линии, јасно дефинирани и динамични пропорции и модерен стил“, вели Оливер Стефани, раководителот на секторот за дизајн на Шкода.

Повисокиот и подолгиот суперб во четвртата итерација доаѓа со подобрена аеродинамика и бројни истакнати детали. Меѓу другото, просторот за глава и багажникот се значително пораснати. Премиерата на новиот суперб е закажана за 3 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ