Откако се раздели со Ардијан Нухиу, Шкендија беше во потрага по нов тренер, изборот падна на Јетон Беќири.
Двапати претходно тој беше привремен тренер на Шкендија, ова ќе му биде третпат како ќе го води тетовскиот тим.
Беќири е тренерот кој ги внесе Струга и Дрита во Првата лига, а од македонските клубови работеше и во Ренова. Ангажмани надвор од нашата земја имаше во Косово и Албанија.
Есенската полусезона Шкендија ја заврши на третото место со четири бода помалку од лидерот Струга.