Силекс одлично го почна дербито во Тетово, по само пет минути игра поведе со гол на Алиќ во петтата минута од мечот, но само пет минути подоцна Крстевски со убав гол израмни на 1-1, тоа беше резултатот од првиот дел.
Во 63. минута Рамадани погоди за комплетен пресврт и водство на Шкендија од 2-1, а Ибраими во 77. минута зголеми на 3-1.
Во 82. минута Рајков намали на 3-2 и го врати Силекс во игра, но само четири минути подоцна Љатифи погоди за 4-2 што беше и конечен резултат.
Интересно беше во Кавадарци каде Тиквеш од 64. минута со гол на Миловановиќ поведе против Пелистер.
Битолчани најпрво преку Трајкоски во 84. минута израмнија на 1-1, а четири минути подоцна гол даде Ристевски за победа на Пелистер од 2-1.
Беса и Гостивар одиграа без голови, а Работнички со погодок на Рушевиќ ја совлада Воска со 1-0.
Шкупи со 2-1 победи кај Брера во Струмица, Аворнијо и Имери погодија за чаирчани, Георгиевски во финишот даде само почесен гол за Брера.
Вчера Вардар со 2-0 ја победи Струга на нејзин терен.
Резултати 20 коло:
Шкендија – Силекс 4-2
Тиквеш – Пелистер 1-2
Беса – Гостивар 0-0
Работнички – Воска 1-0
Брера – Шкупи 1-2
Вчера
Струга – Вардар 0-2
Табела: Шкендија 43, Работнички 40, Гостивар 39, Силекс 38, Струга 32, Шкупи 28, Пелистер 23, Брера 20, Вардар 16, Тиквеш 15, Воска 15, Беса 14.