Оценувајќи дека станува збор за некоординирани дејствија, Амбасадата смета дека тие може да имаат негативни последици за иднината на Косово во Европа и билатералните односи со САД.
„Американската амбасада е загрижена поради ненадејното и некоординирано затворање на српските центри за социјална работа на Косово. Овие и слични акции негативно влијаат на илјадници косовски граѓани и ризикуваат да создадат негативни последици за иднината на Косово во Европа и нашите билатерални односи“, се наведува во текстот на Амбасадата објавен на социјалната мрежа Икс.
На 21 февруари косовската полиција ги пребара, а потоа ги затвори Центрите за социјални работи во Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, откако ден пред парламентарните избори во Косово, работници од центарот во Зубин Поток, според полицијата, ги повикале граѓаните и со закани ги упатувале како да гласаат, условувајќи ја социјалната помош со гласање во корист на одредена политичка партија која се натпреварувала на парламентарните избори во Косово.