Техеров на Телеграм објави дека најмалку девет висококатници, голем број административни згради, продавници, бензинска пумпа, како и автомобили биле оштетени во нападот со беспилотни летала „шахед“, пренесува Интерфакс Украина.
Руските сили утринава извршија ракетен напад врз Запорожје, во градот се слушнале најмалку две експлозии, напиша на Телеграм Иван Федоров, началникот на регионот Запорожје.
На целата територија на Украина синоќа е прогласена воздушна закана поради руски крстосувачки ракети и беспилотни летала, пренесува Укринформ.
Во текот на ноќта, украинската противвоздушна одбрана оперирала двапати во регионот на Киев, а руските сили извршиле ракетен и напад со беспилотни летала, објави на Телеграм началникот на Киевскиот регион.