„Брисел реагира на сè полошата ситуација на фронтот за Украина со тоа што се подготвува за светска војна“, оцени Сијарто.
Според него, состанокот личел на „состанок на војсководци во штабови“, бидејќи неколку часа „сите зборуваа за тоа колку единици од какво вооружување и по кој распоред се спремни да ѝ испорачаат на Украина од практично празните магацини“.
Сијарто истакна дека до сега сета воена помош на Украина не придонесе на нејзин успех на фронтот.
„Се поставува прашањето зошто, ако таа стратегија претходно не функционирала, би требало да функционира сега? Мислиме дека снабдувањето со оружје само води кон продолжување на војната и зголемување на ризикот од светска војна“, истакна Сијарто и додаде дека „Унгарија смета дека влошувањето на ситуацијата на фронтот треба да ги поттикне напорите за воспоставување мир, а за неговите услови треба да се разговара во присуство на двете страни во конфликтот, инаку нема смисла“.