недела, 23 февруари 2025

Шефот  на СЗО: Ниедна земја нема да може сама да се носи со нова пандемија

Време е да се договори меѓународен договор за пандемиите, кажа генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејесус на отворањето на новиот круг преговори на кои не учествуваат Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ниедна земја нема да може сама да се носи со нова пандемија, оцени Гебрејесус, три дена откако Вашингтон официјално објави дека нема да учествува во преговорите.

„Се наоѓаме во клучен момент додека се подготвуваме да го финализираме договорот за пандемиите за заседанието на СЗО во мај“, кажа Гебрејесус на отворањето на 13-от круг од преговорите во седиштето на СЗО во Женева.

„Сега или никогаш“, кажа тој, но додаде дека е уверен дека „ќе изберете „сега“ бидејќи знаете што е во игра“.

Во декември 2021 членките на СЗО одлучија да склучат договор за спречување пандемии и подготвеност за нив за да се избегнат големите грешки од пандемијата на ковид-19.

Но, сè уште не се решени некои важни прашања, меѓу кои размената на податоци за емергентните патогени и предностите кои доаѓаат од тоа, односно вакцините, тестовите, методите на лекување и следењето на пандемиите.

„Се сеќавате на тешките лекции од ковид-19, од кој умреа речиси 20 милиони луѓе и кој и понатаму убива“, кажа Гебрејесус. „Тоа е причината зошто сме тука. За да ги заштитиме идните генерации од последиците на идните пандемии“.

„Прашањето не е дали следна пандемија ќе се случи, туку кога. Доказите за тоа се секаде околу нас: ебола, марбуршки вирус, сипаници, мајмунски сипаници, грип и заканата од идната болест Икс“, заклучи шефот на СЗО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ