четврток, 21 ноември 2024

Шефот на Претставничкиот дом на САД ја угости лидерката на Тајван, Кинезите гневни

Објавено на

часот

Сподели

„Кина цврсто се противи и силно ги осудува овие акти“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, цитиран од официјалната државна новинска агенција Синхуа.

„Како одговор на сериозно погрешните акти на дослух меѓу САД и Тајван, Кина ќе преземе решителни и ефективни мерки за заштита на националниот суверенитет и територијалниот интегритет.“

Претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти во средата ѝ беше домаќин на тајванската претседателка Цаи Инг-вен во Калифорнија, со што стана највисокорангираниот Американец што се сретнал со тајвански лидер на американско тло во последните децении, и ја нагласи потребата да се забрза испораката на оружје за Тајван во услови на растечки закани од Кина.

Во посебно соопштение објавено денеска од Комитетот за надворешни работи на Секинескиот народен конгрес, а пренесено од Синхуа, се наведува дека дејствијата на Мекарти „сериозно ја прекршиле обврската што САД ја презедоа кон Кина за прашањето за Тајван“.

Кина тврди дека демократскиот Тајван е нејзина територија, позиција што владата во Тајпеј силно ја оспорува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ