„Боиштето се движи во погрешна насока. Но по која цена? Русите тоа го плаќаат со 1.00 до 1.500 загинати или тешко ранети војници секој ден. И покрај тоа, Русите не ги остваруваат своите цели. Нашата задача е да обезбедиме никогаш да не ги остварат. Значи не, Украина не губи. И мораме да им помогнеме да дојдат во позиција на сила“, тврди шефот на западниот воен пакт.
Тој смета и дека Западот не смее да покаже слабост. „Во спротивно, Русија би можела да се обиде нешто, како што веќе направи во Украина“, кажа Руте.
Тој предупреди на опасноста од наивен пристап кон траен мир со Русија. „Да не бидеме наивни во врска со (рускиот претседател Владимир) Путин. Доволно е да погледнеме што се случило во Буча. Значи, ако се постигне мировен договор, тој мора да биде одржлив. Мораме да обезбедиме Путин никогаш да не може да освои ни еден квадратен километар на Украина“, порача тој.