недела, 20 октомври 2024

Шефот на НАТО сака „воен Шенген“, Русија реагираше

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на логистичката команда на НАТО за Европа (ЏСЕК), генерал полковникот Александер Солфранк за Ројтерс кажа дека би сакал да види таква зона. „Ни снемува време. Она што нема да го направиме во мирнодопски услови нема да биде спремно во случај на криза или војна“, оцени Солфранк.

ЏСЕК, кој се наоѓа во германскиот град Улм, го координира движењето на луѓето и материјалите на воениот пакт низ територијата на НАТО. Логистичката команда е формирана во 2021 за да се поедностават подготовките за војна против Русија.

Според Солфранк, бирократијата, во случај на избивање на војна против Русија, би можела да предизвика сериозни доцнења во реакцијата. НАТО активно ѝ помага на Украина во војната против Русија, иако официјално не е во војна со Москва.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков порача дека Москва ќе одговори ако „тој воен Шенген“ стане реалност. „НАТО отсекогаш нашата земја ја сметал за идеен непријател. Сега отворено очигледно ја смета за противник. Таа изјава нема друга цел освен кревање на тензиите во Европа, а тоа ќе има последици“, кажа Песков.

Разговорите за создавање „воен Шенген“ уште еднаш покажуваат дека Европа не сака да ги слушне легитимните грижи на Москва, туку е спремна да ја јакне својата безбедност на штета на Русија, оцени Песков.

„НАТО постојано ја поместува својата воена инфраструктура кон нашата граница. Не сме ние тие кои се приближуваме кон НАТО, НАТО нам ни се приближува и до може само да предизвика одмазднички мерки за да ја гарантираме нашата сопствена безбедност“, кажа песков.

Од завршувањето на Студената војна и договорот на СССР и САД за неширење на западниот воен пакт, НАТО се прошири околу 1.000 километри кон исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ