сабота, 19 октомври 2024

Шефот на НАТО: Путин грешки ако мисли дека ќе се измориме од помагањето на Украина

Новиот генерален секретар на НАТО Марк Руте изјави дека западниот воен пакт ќе продолжи со пружањето поддршка на Украина и дека Русија греши ако мисли дена НАТО ќе се умори од пружањето помош.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Рускиот претседател Владимир Путин бил погрешно советуван ако мисли дека ќе се откажеме до помагањето на Украина, ќе продолжиме да го правиме тоа колку и да е потребно“, кажа Руте по дводневниот состанок на министрите за одбрана на членките на НАТО во Брисел.

Во рамки на тој состанок беше одржан Советот НАТО-Украина, на кој украинскиот претседател Володимир Зеленски го претстави својот „план за победа“ за крај на конфликтот.

Првата точка на тој „план“ е покана за членство на Украина во НАТО. На прашањето кога Украина би можела да смета на покана, Руте избегна да одговори и истакна дека Украина сигурно еден ден ќе биде членка, само е прашање кога тоа ќе се случи.

„Но, тоа не беше главниот фокус на разговорите, главна тема беше да се обезбеди никој во Москва да не мисли дека ќе успориме во помагањето на Украина, туку дека сакаме да го засилиме нашето индустриско производство, да ѝ помогнеме на украинската воена индустрија“, кажа поранешниот холандски премиер.

Руте предупреди дека Русија останува главна безбедносна закана за сојузниците, дека НАТО ќе продолжи да ги модернизира своите капацитети и да спроведува заеднички вежби за неговите конвенционални и нуклеарни капацитети да останат релевантни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ