недела, 23 февруари 2025

Шефот на НАТО: Европа е подготвена да преземе иницијатива за безбедносните гаранции за Украина

Европа е „подготвена“ да „преземе иницијатива“ за да обезбеди „безбедносни гаранции“ за Украина, изјави синоќа генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по итниот состанок за Украина одржан во Париз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Европа е подготвена и сака да се зајакне, да преземе иницијатива за обезбедување безбедносни гаранции за Украина“, рече Руте, нагласувајќи дека тоа е она што го „извлекол“ од состанокот свикан по иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон.

Според него, „Европа е подготвена да инвестира многу повеќе во нашата безбедност“.

Поранешниот холандски премиер сепак призна дека „сѐ уште се решаваат деталите“, но „посветеноста е јасна“.

Вознемирени од американско-рускиот дијалог за Украина, лидерите на клучните европски земји во Париз сепак беа несложни по прашањето за содржината на таквите безбедносни обврски, особено за можното испраќање војници во Украина.

Некои земји, како Франција и Велика Британија, покажаа подготвеност да го сторат тоа, под одредени услови. Други, особено Германија или Полска, сметаат дека оваа дискусија е преуранета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ