недела, 20 октомври 2024

Шефот на Хамас: Блиску сме до договор со Израел, двете страни ќе ги ослободат жените и децата

Шефот на Хамас изјави денеска за Ројтерс дека палестинската милитантна група е блиску до договор за примирје со Израел, иако смртоносниот напад врз Газа продолжува и ракети се истрелани кон Израел.

Објавено на

часот

Сподели

„Официјални лица на Хамас се блиску до постигнување договор за прекин на огнот со Израел и групата го достави својот одговор до катарски посредници“, рече Исмаил Ханије во изјавата што неговиот помошник ја испратил до Ројтерс.

Во соопштението не се дадени повеќе детали, но официјален претставник на Хамас за ТВ Ал Џезира изјави дека разговорите се фокусирани на тоа колку долго ќе трае примирјето, потоа на договорите за испорака на помош во Газа и размена на израелските заложници кои ги држи Хамас за палестински затвореници во Израел.

Двете страни ќе ги ослободат жените и децата, а детали ќе соопшти Катар, кој посредува во преговорите, изјави функционерот Исат ел Решик. Хамас зеде околу 240 заложници за време на своето дивеење во Израел на 7 октомври, во кое беа убиени 1.200 луѓе.

Мирјана Шпољариќ Егер, претседателка на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), вчера се сретна со Ханије во Катар за да ги „унапреди хуманитарните прашања“ поврзани со конфликтот, се вели во соопштението за печатот на МКЦК со седиште во Женева. Таа исто така одделно се сретнала со катарските власти.

МКЦК рече дека тоа не е дел од преговорите чија цел е ослободување на заложниците, но како неутрален посредник е подготвена да „го олесни секое идно ослободување договорено од страните“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ