четврток, 28 ноември 2024

Шахистите загубија од Шведска, шахистките убедливи против Нов Зеланд

Македонските шахисти доживеаа минимален пораз од Шведска со 2,5-1,5 во деветтото коло на Олимпијадата која се одржува во Будимпешта, дамите го победија Нов Зеланд со максимални 4-0.

Објавено на

часот

Сподели

Евгени Романов на прва табла беше подобар од Нилс Гранделиус, Никола Николовски ремизираше со Ерик Бломквист, Емил Ристески и Антон Златко ги загубија своите натпревари и Швеѓаните ја обезбедија победата од 2,5-1,5.

Во следното коло шахистите играат со Кинески Таипеи. По девет одиграни кола Македонија е на 51. место.

За разлика од мажите, дамите вчера извојуваа убедлива победа над Нов Зеланд од 4-0. Моника Стојковска, Ивана Манова, Моника Жежовска и Сања Трајковска ги добија своите дуели.

Во следното коло шахистките играат против селекцијата на Австрија. По победата над Нов Зеланд, дамите на табелата скокнаа на 47. позиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ