недела, 22 септември 2024

Шахистите подобри од Кинески Тајпеј, шахистките загубија од Австрија

Се одигра десетото коло од шаховската Олимпијада која се одржува во Будинпешта, македонските шахисти со 2,5 – 1,5 славеа над Кинески Тајпеј, додека дамите со 3-1 беа поразени од Австрија.

Објавено на

часот

Сподели

Лазов Тони на прва табла и Антон Златков на четврта табла освоија по цел поен, Емил Ристески одигра реми, а Никола Николовски го загуби мечот.

По десет одиграни рунди, Македонија е на 40. место. Во следното коло ќе играме против Летонија.

Македонската женска репрезентација беше поразена со 3-1 од Австрија. Моника Стојковска на прва табла и Ивана Манова на втора табла одиграа реми со своите противнички, а Моника Жежковска и Сања Трајковска ги загубија мечевите.

По десет кола, дамите се на 65. позиција. Во следното коло играме со Шри Ланка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ