понеделник, 21 октомври 2024

Северна Кореја ја осуди американската продажба на напредно оружје на Јужна Кореја и Јапонија

Северна Кореја денеска ја осуди потенцијалната американска продажба на напредно оружје на Јапонија и Јужна Кореја, нарекувајќи ја опасен чин што ги зголемува тензиите во регионот и започнува нова трка во вооружување, објавија државните медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението пренесено од новинската агенција КЦНА, севернокорејското Министерство за одбрана рече дека Пјонгјанг ќе ги засили мерките за одвраќање од војна како одговор на нестабилноста во регионот, за која рече дека е предизвикана од Соединетите Држави и нивните сојузници.

Пентагон минатиот петок објави дека американскиот Стејт департмент ја одобрил потенцијалната продажба на 400 ракети Томахавк на Јапонија во договор вреден 2,35 милијарди долари.

Соединетите Американски Држави, исто така, неодамна објавија одобрување на можна продажба на ракетите „сајдвајндер“ и ракетата „стандард 6 блок“ на Јужна Кореја.

„Предупредуваме дека колку повеќе САД профитираат од неселективната продажба на оружје, толку повеќе ќе мора да платат за безбедносната криза“, се вели во соопштението на Северна Кореја.

Пјонгјанг ги критикуваше, како што ги нарече, „воените закани“ од страна на Соединетите Држави и нивните сојузници, велејќи дека ќе покаже „поофанзивни и посупериорни способности за контра акција“ како одговор.

Северна Кореја минатата среда соопшти дека успешно извршила статички тестови на „нов тип мотор со цврст погон со висок потисок“ за балистички ракети со среден дострел (ИРБМ), за кои рече дека се клучни за подобрување на стратешките офанзивни способности на нејзината војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ