„Северна Кореја истрела балистички проектили кон морето источно од Корејскиот полуостров“, соопшти Здружениот штаб на Јужна Кореја.
Јапонската крајбрежна стража го потврди лансирањето.
Лансирањето дојде неколку дена откако САД и Јужна Кореја ја завршија заедничката воена вежба наречена „Штит на слободата“, за која Северна Кореја рече дека е „проба за инвазија“.
Пјонгјанг претходно овој месец предупреди дека Сеул и Вашингтон „скапо ќе платат“ за овогодинешните вежби на „Штитот на слободата“, во кои учествуваа двојно повеќе војници од минатата година.
Речиси 27.000 американски војници се стационирани во Јужна Кореја каде што се одржуваат вежбите.
Набргу по лансирањето на ракетите, Блинкен и јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол го отворија Самитот за демократија, чиј домаќин е Јужна Кореја.
Блинкен и Јун зборуваа за тоа како технологијата може да се искористи за зајакнување на демократијата, но и за нејзино поткопување.
Коментарите на Блинкен дојдоа откако Претставничкиот дом на САД минатата недела усвои закон со кој може да се забрани популарната апликација Тик-ток, која е во сопственост на кинеската Бајт денс.
Самитот за демократија, кој беше организиран на иницијатива на американскиот претседател Џо Бајден, во последните години се соочи со критики за селективно повикување гости, бидејќи Турција и Тајланд редовно се исклучени од настанот.