понеделник, 21 октомври 2024

Северна Кореја ѝ се закани на Јужна Кореја: Ќе врне дожд од гранати

Северна Кореја денеска ја критикуваше Јужна Кореја поради отстранувањето на законот со кој на приватните активисти им се забранува да испраќаат пропагандни летоци против Пјонгјанг на север. Северна Кореја инсистира дека таквите активности се еднакви на психолошка војна и се заканува дека ќе одговори со „дожд од гранати“.

Објавено на

часот

Сподели

Изјавата објавена од севернокорејската централна новинска агенција (КЦНА) е всушност првата реакција на државните медиуми на септемвриската одлука на Уставниот суд на Јужна Кореја да го поништи законот од 2020 година со кој се криминализира испраќањето контроверзни летоци. Одлуката е донесена врз основа на загриженоста дека слободата на говор е претерано ограничена.

Пресудата доаѓа како одговор на жалбата поднесена од севернокорејски дезертери, односно активисти на југот. Меѓу нив е и Парк Санг-хак, кој беше честа мета на гневот на севернокорејската влада поради повеќегодишната кампања на испраќање летоци преку границата со помош на големи балони.

Со години, Парк и други дезертери користеле големи балони исполнети со хелиум за да лансираат летоци во кои го критикуваат лидерството на севернокорејскиот владетел Ким Џонг Ун, неговите амбиции за развој на нуклеарно оружје и состојбата за човековите права во земјата. Летоците често содржеле американски долари и УСБ-стикови со информации за светските вести.

Северна Кореја е исклучително чувствителна на секој надворешен обид да се поткопа авторитарното лидерство на Ким бидејќи тој одржува строга контрола над 26-милионското население, додека строго го ограничува пристапот до странски вести. Тензиите меѓу Северна и Јужна Кореја се интензивираа поради тестовите на оружје на Ким и заедничките воени вежби на Јужна Кореја со САД.

КЦНА предупреди дека Северна Кореја во сегашната тензична состојба објавувањето на летоците ќе го гледа како „психолошка војна на високо ниво“, па дури и „како превентивен напад извршен пред почеток на војна“, објави Асошиетед прес.

„Во сегашната ситуација, во која искра може да доведе до експлозија, нема гаранција дека таквите воени конфликти како во Европа и на Блискиот Исток нема да избијат на Корејскиот полуостров“, истакнува КЦНА, очигледно мислејќи на руската војна против Украина и насилството во Израел и Газа.

Агенцијата објави дека идните кампањи за фрлање летоци може да предизвикаат невиден одговор од севернокорејската војска, која е подготвена да посипе „дожд од гранати“ кон местата од кои се лансирани летоци. Северна Кореја често упатува бизарни закани кои не се остваруваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ