сабота, 19 октомври 2024

Сестрата на Ким Џонг Ун: Сопрете го лудилото на Зеленски или следува нуклеарна катастрофа

Моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски бидејќи Северна Кореја ја нарече соучесник на Русија во војната во Украина. Истовремено ги обвини Соединетите Американски Држави за пружање финансиска поддршка на „неонацистичкиот“ режим во Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во изјавата која вчера ја пренесе Централната корејска новинска агенција (КЦНА) Ким Јо Џонг ја обвини „злата банда на Зеленски“ за „убивање невини руски граѓани“.

„Ова е безобѕирна, политички мотивирана провокација која никогаш не може да се оправда“, кажа таа, истакнувајќи дека светот е уморен од Зеленски. Таа ги нарече САД и колективниот Запад „врвни соучесници“ на Украина бидејќи го снабдуваат Киев со „најголеми количества оружје и муниција“.

Ким Јо Џонг го обвини Вашингтон за намерно ескалирање на тензиите „за да се продолжи и рашири конфликтот, туркајќи го целиот европски регион во стравотиите на нуклеарна војна“, откако Вашингтон минатата недела одобри дополнителни осум милијарди долари воена помош за Киев.

„САД и Западот не треба да ги игнорираат ниту да ги потценуваат острите предупредувања на Русија“, кажа таа, наведувајќи дека поддршката на Украина ќе биде „орозот за нуклеарна катастрофа’. „Катастрофа е неизбежна ако не се сопре лудилото на Зеленски“, истакна таа.

Изјавата следи неколку дена откако Зеленски на состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации ги нарече Северна Кореја и Иран „фактички соучесници“ во војната против неговата земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ