Селта се наоѓа на само една позиција над зоната за испаѓање, има освоено 24 бода од 28 натпревари. Тоа е причината раководството на клубот да му даде отказ на Рафел Бенитез.
„Рафа Бенитез и неговиот стручен штаб заминуваат од Селта по осум месеци на апсолутна верност и потполна посветеност, но тимот не ги оствари очекуваните резултати на клубот. Клубот сака да им се заблагодари за работата и да им посака среќа во иднина“, се вели во соопштението на Селта.