сабота, 15 март 2025

Кремљ: Трамп и Путин би можеле да се сретнат до крајот на месецот

Претседателите на Русија и Соединетите Американски Држави Владимир Путин и Доналд Трамп би можеле да се сретнат уште овој месец, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, а пренесуваат руските новински агенции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Песков за американско-руските разговори одржани во вторникот во Ријад кажа дека се „многу, многу важен чекор“ кон постигнување договор за прекин на војната во Украина.

„За, сликовито зборувајќи, да се спроведат мерките за заживување, дипломатите ќе почнат да работат во контекст на договорот на (шефот на руската дипломатија Сергеј) Лавров и (шефот на американската дипломатија Марко) Рубио“, кажа Песков.

„Но, тоа е првиот чекор. Нормално, невозможно е да се поправи сè за еден ден или недела. Долг е патот пред нас“, додаде тој.

Разговорите во саудиската престолнина е првиот пат Вашингтон и Москва директно да се договараат за прекин на најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна. На состанокот немаше претставници на ЕУ и Украина.

Кит Келог, претставникот на американскиот претседател Трамп за Украина, пристигна денес во Киев за да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ