сабота, 19 октомври 2024

Се запалија контејнери пред ГТЦ, пристигнаа повеќе противпожарни возила

Поради невнимание во Градскиот трговски центар во Скопје околу 18 часот се запалиле контејнери, а по интервенција на пожарникарите, пожарот е ставен под контрола.

Објавено на

часот

Сподели

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески, за МИА информира, дека повредени нема, а на терен биле испратени четири противпожарни возила, бидејќи пријавата била непрецизна.

„Пријавата беше непрецизна од граѓанин што видел, затоа што не знаевме за што станува збор испративме повеќе возила бидејќи станува збор за прометен објект“, изјави Томески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ