четврток, 13 февруари 2025

„Се викам храброст“ – 50 приказни за македонските хероини

Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, во Литература.мк во Дајмонд мол во Скопје беше промовирана новата книга за деца и млади „Се викам храброст“. Книгата, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 50 инспиративни приказни од животот на македонските хероини, од Сирма Војвода, преку Невена Георгиева-Дуња, Вера Јоциќ, Вера Ацева, Атина Бојаџи, Милка Ефтимова, па сѐ до Илина Арсова, Ема Ананиевска и други. Ова дело зборува за жени кои со својот дух, упорност и истрајност успеале да се афирмираат како силни женски личности кои го посветиле животот или пак го дале својот живот за повисоки цели и за исполнување на нивните сништа.

Објавено на

часот

Сподели

За книгата зборуваа уредничката Надица Фирфова, графичката дизајнерка Анета Илиевска и книжевникот и публицист Иван Антоновски, а инспиративни обраќања имаа и Зорка Тодорова-Младеновиќ (костимографка и модна дизајнерка), Бисера Чадловска (диригентка), Ема Ананиевска (пијанистка), Мартина Димоска (аналогна космонаутка), Ива Матиќ (пилотка), Јасмина Атанасова-Симјановска (оџачарка) и Олга Мурџева-Шкариќ (професорка).
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ