вторник, 22 октомври 2024

Се урна покривот на штотуку реновиран аеродром во Њу Делхи, едно лице загина (ВИДЕО)

Едно лице загина, а осум се повредени кога делумно се урна покривот на неодамна реновираниот терминал на аеродромот во Њу Делхи поради обилните дождови, соопшти денеска противпожарната служба.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

На интернет се објавени фотографии од возила на кои паднале челични греди на Терминалот 1 на аеродромот.

Реновираниот терминал беше свечено отворен од премиерот Нарендра Моди во март, пред општите избори во земјата.

Аеродромските власти соопштија дека летовите од терминалот се одложени за попладнево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ