Инцидентот се случил додека претседателскиот кандидат на левиот центар Хорхе Алварез Мајнез држел говор во градот Сан Педро Гарза Гарсија. Уривањето на бината е предизвикано од ненадеен силен налет на ветер, напиша Мајнез на Икс, пренесува Би-би-си.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа моментот кога структурата се урива додека неколку луѓе се на сцената. Гувернерот на државата Самуел Гарсија ги повика локалните жители да останат дома поради силните грмотевици во областа.
BREAKING: Stage collapses during a political rally in northeast Mexico. At least four people are dead, and many are injured.pic.twitter.com/lWzzsBXzrO
— Viral News NYC (@ViralNewsNYC) May 23, 2024
Мајнез е кандидат на партијата Граѓанско движење и моментално е на третото место во националните анкети. Во објава на Икс тој изјави дека самиот не е повреден, но дека неколку членови на неговиот тим се повредени.