петок, 18 октомври 2024

Се справуваме решително и храбро со мафијашките структури во Комуналец, рекоа Арсовска и Мазнева-Николиќ

Објавено на

часот

Сподели

„Ниту јас ниту градоначалничката нема да дозволиме мафијашката структура да раководат со претпријатието и некому да му собираат политички поени. Комунална хигиена ќе се реконструира и ќе се намалат трошоците, а претпријатието ќе продолжи да биде на услуга на скопјани. Секој ќе мора да биде на ниво на работните задачи“, рече Мазнева Николиќ.

Таа нагласи дека во доцните ноќни часови работниците беа испратени да го чистат сметот и нагласи дека нема да има населба која нема да биде исчистена. Претријатието е комплетнпо во функција, рече директорката на Комунална хигиена.

„Мојата работа е да раководам со претпријатието. За последните настани ги известив надлежните органи, МВР и обвинителството. Поднесовме и кривични пријави“, рече Мазнева Николиќ и на новинарско прашање одговори дека е убедена дека претпријатието ќе опстои и ќе работи поефикасно.

„Претпријатието е во одлична кондиција. Ќе поднесеме пријави и против лица кои клеветат и даваат лажни изјави. Во Комунална хигиена од 2007 година никој не добил К15, но сега вработените го добиваат регресот за годишен одмор. Освен тоа, како што е тоа според закон, вработените добиваат заштитни средства и облека, а што беше недозволено во претходните периоди. И проблемот со минимална плата е разрешен“, одговори Мазнева Николиќ.

Градоначалничката Арсовска наместо Мазнева Николиќ рече дека директорката е 11 месеци на таа функција и дека решила да се спротивстави на мафијашките структури и покрај закани и фактот дека е жена која не е долго на функција.

„Немаше маж 30 години да се спротивстави на таа мафија“, нагласи Арсовска и повика на Мазнева Николиќ да ѝ се искаже признание за храброста и решителноста.

„Гледајтге ги фактите, работниците од сите скопски претпријатија се надвор и работат. Нема да дозволиме некоја структура на мафијаши и неработници да го руши угледот на претпријатијата“, нагласи Арсовска.

д

На забелешката од новинарите дека градоначалничката зборува за мафијаши, а без да спомене ниедно име, Арсовска рече дека се поднесени пријави и дека се објавуваат списоци на луѓе кои се неработници, кои не знаат ниту каде е претпријатието, а добивале плата или кревале глас против раководството.

„Имаме списоци на лица и семејно поврзани кои не оделе на работа, а добивале плата. Дали е малку 70 лица семејно поврзани да земаат плата од едно место. Зборуваме не за работници, туку за неработници, за луѓе кои се нечесни и мафијашки поврзани. Знаете ли дека има лица кои 15 години се трета смена, никогаш не дошле на работа, а земале плата. Не ја напаѓајте Мазнева Николиќ. Честитајте ѝ за нејзината храброст и чесност“, рече градоначалничката.

Арсовска нагласи дека има лица кои се водат како вработени, а 5 години живеат во Германија и возат камиони.  Мора да се расчисти криминалот, да се исчисти претпријатието од внатре од неработници и мафијаши, нагласи таа.

Таа рече дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да престанат да се фотографираат како инфлуенсери и да се зафатат за работа.

„Нека си ги исчистат своите населби прво, а потоа да глумат инфлуенсери“, нагласи Арсовска.

„Јас и Мазнева-Николиќ ќе продолжиме храбро да ја расчистуваме ситуација со политикантите и со партиите кои си играат играчки со градот, а во минатото не презеле ништо за општо добро. Тие ли ќе заплашуваат? Мене и Мазнева – Николиќ нема да не уплашат“, нагласи градоначалничката Данела Арсовска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ