Тоа го покажува истражување спроведено на 1.000 случајно избрани Германци, спроведено од Аутоскаут.
Истовремено, според германскиот весник Билд, новоизбраниот комесар за климата, Холанѓанецот Вопке Хукстра, се залага за одложување на забраната.
На почетокот Германија воопшто не сакаше да потпише каков било договор за забрана. Поради тоа ЕУ мораше да попушти во врска со синтетичките горива.
Меѓутоа, некои Германци се спремни да одат и подалеку. Здружението на германски произведувачи на автомобили (ВДА) во август предложи рокот да се одложи до 2045 година.
Неодамна бројни произведувачи на автомобили тврдеа дека возачите пребрзо се фокусираат на префрлањето на електрични автомобили.
Така Нисан директно предупреди дека британските планови за забрана на моторите со внатрешно согорување ќе ја чинат земјата милијарди фунти и илјадници изгубени работни места, додека пред само неколку години сите итаа во електричната мобилност.