сабота, 23 ноември 2024

Се планира набавка на 100-120 електрични автобуси, во зависност од расположливата моќ на буџетот

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва најави нов предлог-проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120  електрични автобуси коишто нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје, во контекст на одржливо решавање на проблемот со јавниот градски превоз во Скопје, туку  и за општини каде што има организиран јавен градски превоз.

Објавено на

часот

Сподели

„ Ние сме одговорна влада и како Влада така и ќе продолжиме да се однесуваме. И набргу од денеска ќе излеземе со еден нов предлог-проект. А тоа е – анализираме сè уште каква е расположливата моќ на буџетот за набавка на помеѓу 100 и 120 електрични автобуси, заедно со педесетина полначи , коишто ќе бидат распределени не само во Скопје за ЈСП, туку и за оние општини каде што има организиран јавен градски превоз. Распределбата ќе биде по пропорцијата 80:40 или можеби ќе биде 70:70. Ќе видиме, сè уште размислуваме и ја анализираме оваа ситуација и убеден сум дека набргу од денеска ќе изнајдеме едно вакво решение со кое што драматично ќе го олесниме и јавниот превоз во Скопје, но и во другите општини коишто имаат организиран јавен превоз“, рече Мицкоски во Белград на Македонската вечер во рамки на Саемот Винска визија на Отворен Балкан, на новинарско прашање во контекст на одлуката на Владата за интервентно доделување нафта од државните резерви за ЈСП за надминување на проблемот со јавниот градски превоз.

На прашањето зошто три години точката за набавка на нови автобуси не била ставена на гласање на Совет на град Скопје, и за тврдењата на градоначалничката дека сите опции биле дадени на располагање дури и власта да ги постави условите, а таа само да го потпише договорот, Мицкоски вели дека тоа што се нудело на маса не е решение.

„ Тоа не е точно. Прво, ние не сме мнозинство во Град Скопје. Мнозинството таму се други коалициони партнери. Таму има директори на градските претпријатија коишто доаѓаат од политичката партија Левица, или блиски до политичката партија ДУИ, блиску до поранешен градоначалник на една скопска општина, директори кои се поставени од други моќници кои сега не се присутни во градот Скопје итн. Таму е многу, би рекол сложена ситуацијата, така што тоа не е решение. Тоа кое што се нуди на маса да се позајми, треба и да се земе и да се купат 20-30 автобуси тоа не е решение. Ние зборуваме за сериозен пристап и пристап којшто ќе значи прво намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата и во воздухот, а второ нешто кое што ќе биде одржливо на подолг рок. Тоа го нудиме ние“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ