среда, 23 октомври 2024

Се множат друштвата во Албанија кои повикуваат на семакедонско обединување

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија, друштво “Преспа” информираше дека продолжува обединувањето на Македонците во оваа земја. Прогласат на друштвото за семакедонско помирување и обединување, објавен неодамна,  го потпиша и Бесник Хасани, претседател на македонското друштво “Мост” од Голо Брдо.

Објавено на

часот

Сподели

„Нам Македонците не ни се потребни поделби, туку единство, кое нѐ прави посилни во битката за остварување на нашите легитимни права и зачувувањето на македонскиот идентитет, култура, јазик“, изјави за МИА, Едмонд Темелко, претседател на друштвото “Преспа”.

Пред два дена прогласот го потпиша Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден” – Тирана.

Од друштвото “Преспа” се убедени дека истото ќе го сторат и другите македонски друштва.

Во Албанија, покрај овие асоцијации на Македонците, во судскиот регистар се запишани и активни се и друштвата ” Сонце” и “Прегор”.

Темелко потсетува дека прогласат го упатиле “соочени со агресијата на бугарската асимилација на Македонците во Албанија и свесни за последиците од антимакедонизмот на Софија во Албанија“.

Исто така, не признавајќи ги ” фалсификуваните и манипулирани резултати од пописот”, се изразува подготвеност сами да организираат неформален попис на Македонците во Албанија, поради „недовербата во Институтот за статистика на Албанија”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ